Дрвена кујна со додатоци за готвење - Little Dutch
- Бренд: Little Dutch
- Шифра на артикл: LD7088
-
8,100 МКД
Што готви малиот готвач?
Подгответе ги највкусните јадења во оваа преслатка и стилска дрвена кујна.
Почестете го вашето семејство или вашите омилени кукли со домашно подготвен, топол оброк.
Со двете тави и кујнски прибор, подготвени сте да станете главен готвач! Кујната нуди се што можете да замислите. Можете да испечете пита во рерна, да зготвите зеленчук на шпорет и да, да не заборавите, да ги измиете рацете во мијалникот. Има дури и комплет сол и бибер и кабинет за складирање на вашите намирници.
Малите деца сакаат да ги имитираат возрасните и нивните секојдневни рутини. Оваа кујна ќе биде остварување на сонот за малите готвачи. Тоа инспирира игра на улоги, креативност, моторни вештини и имагинација. Цврстата дрвена кујна во модерни бои создава прекрасен простор за игра во детската соба, но ќе изгледа одлично и во дневната соба. Дополнете со вагата за мерење, сетовите на овошје и зелечук за сечење или пак тостерот за уште поголема забава.
Спецификации на производот:
- Димензија:58x28x91
- Материјал: дрво,
бои на водена база
- Боја: минт
- Препорачана возраст: 3г+
- Оддржување: површински,
со влажна крпа